5 фрази кои лажговците ги користат!

Сите лажат. Малите и бели лаги сите ги користиме понекогаш и тоа е сосема во ред, но лажењето со намера е потполно друга приказна. Непоправливите лажговиц секогаш користат одредени фрази и стратегии по кои можеме да ги препознаеме, а ние денес ви претставуваме 5 фрази кои лажговите најчесто ги користат за  да ве уверат во своите лаги.

Искрено/ Да бидам искрен(а)

Ние секогаш се надеваме дека личноста со која зборуваме е искрена, но оној што лаже многу често ќе ја почнува приказната со фразата „ќе бидам искрен(а)“ која треба да служи како „гаранција“ за она што следи, а тоа всушност е лагата. Луѓето кои ја зборуваат вистината нема да се чувствуваат дека треба да се бранат, ниту пак ќе ја користат оваа фраза.

Јас никогаш/Јас секогаш

Фиксните зборови како „никогаш“ и „секогаш“ многу често се наоѓаат во вокабуларот на непоправливите лажговци, додека другите луѓе ретко ги користат. Лажговците ќе се обидат да ги вметнат овие зборови во разговорот за да делува поискрено.

Почесто употребуваат: „тие“, „тој/таа“, „ние“ отколку „јас“

До избегнување на одговорноста доаѓа кога лажговците настојуваат да објаснат некои свои постапки и се надеваат дека ќе им поверувате. Во тие ситуации тие поретко велат „јас“. Во тие ситуации поретко ќе користат зборови како „но“ или „освен“ и често ќе изговараат зборови со негативна конотација како „омраза“, „тага“ и „лутина“.

Одрекнување, оправдување и кратки одговори

Кога ќе ги прашате за нешто, лажговците автоматски ќе порекнат што направиле, дури и ако никој не ги обвинил за нешто. Ќе се обидат и да објаснат зошто се однесувале на одреден начин, иако никој не го побарал тоа од нив. Ова однесување произлегува од тоа што чувствуваат вина, па сакаат да се оправдаат.

Лажговците исто така имаат обичај да одговараат со кратки реченици кои не даваат потполн одговор, затоа што не сакаат да откријат што навистина се случило.

Премногу детали

Лажговците мораат да ги запамтат деталите од своите лажни приказни за да не бидат фатени во лага. Токму затоа често ќе споделуваат премногу детали за нивната приказна да делува што е можно повистинита и да ги скријат своите траги. Меѓутоа, луѓето кои ја кажуваат вистината не претеруваат со деталите.

Внимавајте и на невербалните знаци кои можат да откријат дека некој лаже. Се работи за често допирање на лицето, ноктите, врткањето на косата, гребење на кожата и одржување на непрекинат контакт со очите додека зборуваат. Исто така често нервозно се движат, а стопалата знаат да им бидат насочени кон вратата или што подалеку од личноста со која зборуваат.