46 луѓе не го почитувале полицискиот час, 17 се приведени

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица, а за останатите лица се изготвени записници.