„4 перформанси, една идеја“ во Чифте амам

„4 перформанси, една идеја“ е следниот проект на професорот Мифтар Мемети кој ќе се одржи на 26 август, во 20.00, во објектот Чифте амам. Станува збор за најновиот проект на Мифтар Мемети кој опфаќа 4 тематски целини на кои авторот работел веќе подолого време, односно му ги посветил последните 10 години од неговото творештво. Овој негов 10 годишен труд, инспириран од албанската историја и култура, преку 4 перформанци ќе најде свое место во изложбениот простор на објектот Чифте амам. На изложбата се прикажани вкупно 350 слики во мал формат работени во маслена техника. Тие се меѓусебно поврзани и комбинирани во засебни целини на комплексни мозаични слики формирајќи 4 поедничени дела во голем формат. Изложбата ќе биде поставена до 1 септември.