35 здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница

Продолжува да расте бројот на здравствени работници, заболени со коронавирусот. “Регистрирани се 35 случаи на заболување меѓу здравствени работници. Од овој број, 26 се заболени во болнички/амбулантски услови“, стои во анализата на последните податоци, објавени вчера од страна на Институтот за јавно здравје.

Познато, официјално, е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Охрид и Скопје.