30 работи кои ги научив за време на бременоста...

  1. Прекрасно е да си жена, затоа што твоето тело е дом на еден сосема нов живот.

  2. Мора да ги правиш децата со некој кој многу, мноооогу те сака, затоа што хормоните во текот на бременоста не се шега.

  3. Солзите се океј.

  4. Многу малку работи може да се споредат со среќата на спознанието дека бебето мрда.

  5. Во ред е најмногу да се сакаш себеси.

  6. Најдобрите другарки кои си ги имала пред бременоста не мора да бидат најдобри и во бременоста. А некои најдобри другарки можеби ќе станат уште подобри.

  7. Љубовта кон сопственото тело минува низ најмногу искушенија за време на бременоста. Ако тоа го преживеете и продолжите да се сакате, ќе се сакате засекогаш.

  8. Сите мислат дека знаат сѐ за сѐ, дури и кога не поминале низ тоа. Кревко е знаењето, а прегласно е незнаењето.

  9. Пандите се прекрасни животни, особено кога ќе ги препознаете во својот одраз во огледало.

  10. Опкружете се со луѓе кои толку многу ве сакаат, што имаат љубов и за двајца, затоа што вие повеќе не сте сами.

  11. Сосема е океј да ја користите бременоста како изговор.

  12. Здравјето е најважно. Ментално и физичко. И љубовта. И топлите нозе.

  13. Можеш сѐ што телото ти вели дека можеш. А не си ни свесна колку работи можеш.

  14. Не мораш ништо. Ама баш ништо. И не се мачи да правиш нешто што не мораш. Тоа не важи за сокот од цвекло. Мораш да го пиеш.

  15. Важно е тоалетот да ти биде во близина, а во фрижидерот да имаш многу храна, но без премногу калории и да имаш гради на кои можеш да легнеш и да знаеш дека си дома.

  16. Не, ти не јадеш за двајца, не си слон. 

  17. Луѓето се арогантни и безобразни и воопшто не се грижат за фактот дека си трудна, па не очекувај некој да ти застане на пешачки, да те пушти преку ред или не дај Боже да ти помогне да ги однесеш кесите преку улица. 

  18. Смеј се. Смеј се од дното на стомакот, твоето бебе ќе го почувствува тоа.

  19. Задолжително е зборување со бебето без оглед дали си сама или со таткото. 

  20. Ако сте пораснале без родител, подгответе се на солзи и расчистување на многу стравови. Но, ветувам дека после ќе ви биде подобро.

  21. Многу е важно во текот на бременоста да бидете опкружени со меки и топли луѓе.

  22. Не, ти не си досадна трудница која престанала да излегува и да пие. Ти си идна мајка која има одговорност кон новиот живот кој го носи во себе. Не се грижи за тоа. Има време за сѐ.

  23. Разговарај со луѓе кои знаат да разговараат, а тоа значи: Се слушаме меѓусебно и размислуваме мислења на различни теми.

  24. Никогаш нема да ти бидат смешни коментарите од типот: „Хехе знаеме што си правела“, „Дебела...“ и слично, но подобро е да се навикнаш, така ќе ти биде полесно.

  25. Подготви една цела вреќа „Извини“ и навистина нека ти биде жал кога ќе се извинуваш. И океј е да ги обвиниш хормоните, но само откога ќе се извиниш.

  26. Остани на работа онолку колку што мислиш дека треба и онолку колку што ти дозволува телото. Така и на бебето ќе му биде позабавно.

  27. Маслото е твојот најдобар козметички препарат и пријател. 

  28. Сосема си во право, таа рекламата за пелени што цело време ти се појавува на Јутуб навистина те прогонува, не си ги замислуваш тие работи.

  29. Среќата е убава кога се чека, но 9-тиот месец се чини дека никогаш нема да дојде.

  30. Ако некој трудница чита многу, многу книги и оди на различни работилници, не значи дека е подобра трудница од тебе. Ти има свое темпо и повеќе се потпираш на инстинктите. Не се споредувај.

П.С Ова се работи кои јас ги научив, но не мора да значи дека сите поминуваат низ истото. Тука нема место за „таа не е во право.“

Што научивте вие?