30 предизвици за 30 среќни денови

Ние сме тоа што постојано го правиме. Затоа, успешноста не е еден чин, туку навика. Научниците истакнуваат дека со добра волја, потребни се 30 дена за да се изгради една навика.

Најголемата битка се случува на почетокот со воспоставување на навиката, каде дури 80% од луѓето се откажуваат. Но, затоа е важно да се направат мали чекори за да се постигнат позитивни промени.

Ова се 30 предизвици кои можете да ги примените во 30 дена, кои ќе ви овозможат посреќен живот.

  1. Користете зборови кои охрабруваат среќа.
  2. Пробајте ново нешто секој ден.
  3. Направете едно несебично дело, секој ден.
  4. Учете и практикувајте нова вештина, секој ден.
  5. Научете некој друг на нешто ново.
  6. Посветете еден час дневно на нешто што го сакате.
  7. Концентрирајте се на тоа да бидете позитивни.
  8. Бидете фини со сите, особено со оние кои не се љубезни кон вас.
  9. Научете ги лекциите од непријатните ситуации со кои се соочувате.
  10. Обрнете внимание и уживајте во животот како што се случува.
  11. Ослободувајте се од едно нешто, секој ден.
  12. Креирајте по едно нешто, секој ден.
  13. Не кажувајте ниту една лага, цели 30 дена.
  14. Будете се 30 минути порано, секој ден.
  15. Ослободете се од 3 лоши навики во текот на тие 30 дена.
  16. Гледајте 30 мин помалку телевизија, секој ден.
  17. Дефинирајте долгорочна цел и работете на неа барем по еден час, секој ден.
  18. Читајте по малку секој ден.
  19. Секое утро читајте, слушајте или гледајте нешто што ве инспирира.
  20. Направете нешто по ручекот што ве тера да се смеете.
  21. Не земајте алкохол, цели 30 дена.
  22. Вежбајте 30 минути, секој ден.
  23. Соочете се со некој страв, секој ден.
  24. Гответе нешто ново, секој ден.
  25. Поминете 10 минути на крајот на денот за вашиот ден.
  26. Секој ден барајте шанса да разговарате со личност која може да ве научи нешто.
  27. Исплатете ги сите долгови за 30 дена.
  28. Ослободете се од една врска или пријателство кои постојано ве повредуваат.
  29. Простете некому кој заслужува втора шанса.
  30. Документирајте го секој ден со една фотографија и еден напишан параграф.