3 знаци дека ви недостасува калиум

Веројатно не слушаме многу за калиумот, но би требало да знаеме повеќе. Тој е важен за силата на мускулите, функционирање на нервниот систем, за здрав кардиоваскуларен систем и тн. тој е многу важен минерал кој е најчест во бананите, лубеницата, авокадото и белиот грав.

Препорачаната дневна доза од овој минерал е 4.700 мг на ден, но сепак и во тој случај можат да се јави недостаток.

Ова се 3 знаци кои ќе ви покажат дека ви недостасува калиум во вашето тело.

Постојано сте истоштени.

На секоја клетка во нашето тело и е потребен калиум за да функционира, а недостатокот предизвикува истоштеност и замор. Затоа, ако вашето вежбање ве прави уморни и истоштени и покрај тоа што спиете доволно во текот на ноќта, веројатно ви недостасува калиум. Недостатокот на калиум причинува и гадење и несвестици, односно чувство како да снемувате воздух.

Имате висок крвен притисок.

Калиумот ги релаксира крвните садови, а со недостаток од негхо, нашиот крвен притисок се покачува.

Чувствувате слабост во мускулите.

При недостаток на калиум, чувствувате слабост и болка во вашите мускули. Затоа, се препорачува да изедете банана пред вежбањето која на вашите мускули ќе им даде сила да го издржат тренингот.