3 посни солени рецепти за кога идеите ќе ви се потрошат

Ограничувањето на посни состојки може да биде проблем за создавање вкусни рецепти. Но, ако ги имате правите идеи, ништо не е невозможно.

Во продолжение ви нудиме 3 посни солени рецепти, за кога стандардните идеи ќе ви досадат:

Пиперки полнети со туна

Потребни состојки:

  • 4 бабури
  • 1 конзерва туна
  • 2 зрели домати, може и доматно пире
  • 1 мал компир
  • Средина од 1 парче леб
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • ½ корен целер
  • ½ шолја масло
  • Сол, бибер, оригано

Подготовка:

Исчистете им ги рачките на пиперките и исчистете ги од жили и семки.

Помешајте го лебот, ситно сечканите кромид и лук со исечениот домат или доматното пире зависи што користите, изренданиот целер, туната и зачините.

Мешајте додека не добиете компактна смеса и со неа наполнете ги пиперките.

Наполнетите пиперки затворете ги со кругови компир. Попрскајте со маслиново масло и топла вода, па потпечете во рерна додека пиперките не омекнат.

Плескавици од риба

Потребни состојки:

  • 300g туна
  • 500g ослиќ
  • 200g сардина
  • 100g варен ориз
  • 100g презла
  • 10 чешниња лук
  • 2 главици кромид
  • Лажичка мускатно оревче
  • Сол, бибер

Подготовка:

Сварете го ослиќот, исцедете и оставете да се олади. Потоа иситнете го и измешајте го со туната и сардината.

Добиената смеса ставете ја во длабок сад и додадете ги лукот и кромидот. Промешајте ги и варениот ориз и презлата. Додадете ги зачините.

Добро измешајте и формирајте плескавици. Пржете ги во тава на малку масло.

Како прилог може да послужите варен зеленчук.

Солена торта од шампињони

Потребни состојки:

  • 500g шампињони
  • 1 праз
  • ½ коцка маргарин
  • 100g посен мајонез
  • Кори за розен торта
  • Сол, магдонос

Подготовка:

На масло пропржете го празот, па додадете ги ситно сечканите шампињони и исечканиот магдонос.

Маргаринот изматете го со мајонезот и додадете ги изладените шампињони.

Соединете го филот, па потоа мачкајте ги корите. Може да потпечете неколку минути и тортата да ја послужите топла.