28 работи кои ќе ги разберат само оние кои имаат сестра!

Не е важно дали сте постара или помлада сестра, едноставно постојат неколку универзални работи кои сигурно сте ги доживеале со својата сакана  сестра/сестри. Во продолжение ви претставуваме неколку ситуации кои само сестрите можат да ги разберат.

1 . Тоалетот е секогаш полно со влакна за кои никој не сака да преземе одговорност.

2. Секогаш ги здружувате силите кога треба да се изборите за нешто со вашите родители.

3. Потајно тагувате за деновите кога мајка ви ве облекувала во иста облека...

4. ... и кога МОРАВТЕ да делите иста соба.

5. Па така и денес ја делите собата кога патувате или кога одите една кај друга.

6. Но, сепак се уште се расправате за креветите.

7. Сосема беше во ред да ја земате нејзината облека, но договорот паѓаше во вода секојпат кога ќе го земеше вашиот кариран фустан и тоа без прашање.

8. Ако сте постара сестра, се уште се нервирате кога родители и допуштаат нешто што вам никогаш не ви го допуштале. Ако сте помлада, сте ја користеле секоја предност од оваа поволност и сте уживале во секоја минута.

9. Сте го усовршиле заедничкото превртување со очите секојпат кога мајка ви ќе го сврти грбот.

10. Додека растевте, вашите пријатели мислеа дека вашата сестра е кул и слатка, иако вие знаевте колку знае да биде иритантна.

11. Вашите кавги никогаш не можеа да траат повеќе од неколку минути, затоа што едноставно не умеете да си се лутите една на друга.

12. Се случила и таа магична година кога сите жени во вашата куќа добиле менструација во исто време.

13. Секогаш си се обраќате една на друга кога ви е потребна брутална искреност, но се мразите кога ќе ја чуете.

14. Родителите се уште понекогаш ви ги мешаат имињата.

15. И сите ви кажуваат колку личите една на друга иако тоа воопшто не е вистина.

16. Имате свои шеги кои никој друг не може сосема да ги разбере.

17. Кога ќе се најдете во незгодна ситуација, секогаш имате на кого да се потпрете.

18. И таа е единствената личност на која можете да и пратите порака со содржина: „ВЕДНАШ ДА СИ МИ ЈА ЛАЈКНАЛА СЛИКАТА НА ИНСТРАГРАМ!“

19. Има сестри од сериите кои многу ве потсеќаат на вас две.

20. Таа знае многу посрамувачки приказни за вас, но ги крие, затоа што и вие знаете исто толку приказни за неа...

21. Никој на овој свет нема да биде толку искрен со вас колку што ќе биде таа. Особено кога се во прашање вашите дечковци. И за жал, секогаш е во право.

22. Можете да и се јавите за било што – ниту една тема не е забранета за вас.

23. Секогаш, секогаш, ама баш секогаш знае кога лажете.

24. Само вие знаете и ги разбирате смешните ситуации за вашето семејство кои никогаш нема да престанат да бидат смешни.

25. Кога подобро ќе размислите, вие се разбирате и без зборови.

26. И можете да кажете се и само со еден поглед...

27. Таа може да биде најиритантната личност на светов, но кога некој ќе каже нешто лошо за неа – подготвени сте да ја браните до смрт.

28. ЗАТОА ШТО ТАКВИ СЕ СЕСТРИТЕ!