25 повредени во сообраќајната несреќа кај Велес

Последните неофицијални информации велат дека во несреќата кај Велес се повредени 25 лица, меѓу кои и возачот, пренесува Курир.

Покрај со возила на брзата помош, повредените патници и со приватни возила биле превезувани во велешката болница и на Урегентиот центар во Скопје.

Меѓу повредените е и 6 годишно девојче.

Поради сообраќајната незгода автопатот е затворен и создадени се колони од возила.