2019 нека биде годината која ќе донесе промена во вашиот живот

Кажете си себеси дека новата година означува шанса за вас за да почнете од почеток. Гледајте на неа како бело платно на кое треба да почнете да сликата. Натерајте се себеси да најдете во себе храброст за да го направите првиот чекор и да ги насликате првите линии со четката.

Не чекајте друг да го направи тоа за вас, тоа нема да се случи.

Не чекајте совршеност – совршен момент, совршена личност, совршен чекор. Тоа нема да се случи. Самите ги создаваме своите можности, самите сме одговорни да преземаме важни ризици за да ги смениме оние работи од кои не сме задоволни. Колку и да чекаме, никогаш нема да бидеме целосно подготвени. Само треба да веруваме во себе.

Новата година доаѓа со предизвици.

Ќе има и времиња кои ќе донесат проблеми и предизвици, фрустрации и солзи. Но, тие се дел од животот. Понекогаш ќе се плашите – од промените, од животот, од другите од себе. Понекогаш ќе бидете разочарани и ќе ги губите луѓето. Но, дозволете си да имате повеќе победи од загуби. Повеќе поврзаности отколку раскинувања. Повеќе љубов, од омраза. И повеќе созревање отколку каење и огорченост. Повеќе задоволство од нервоза.

Нека 2019 биде годината со која ќе донесете промена во вашиот живот. Дозволете и да ве изненади. Дајте се од себе за да успеете. Дајте ја сета љубов што ја имате во себе и сета храброст која ја собиравте досега.

Станете личноста која сакате да бидете.