20 животни принципи по кои се водат сите Близнаци

Првата асоцијација за Близнаци е дволичноста, но во суштина тие имаат две или повеќе различни личности во себе. А тоа е сосема различно од лицемерието. Тие се познати како комуникативни и самоуверени луѓе кои знаат да бидат и срамежливи.

Тие сакаат да бидат опкружени со луѓе, но уживаат и во самотијата. Постои нешто многу уникатно во начинот на кој Близнаците изразуваат љубов: доволно интензивно да ја почувствувате љубовта, но и доволно суптилно за да не ве гуши.

Сакаат да бидат во врска со некој кој ќе се грижи за нив, доволно да ги стимулира да учат нови работи и да им помогне да напредуваат. Не толерираат лаги и луѓе без здраво разбирање. Тие се комуникативни, но не сакаат секогаш да започнуваат разговор. Ако не им се допаѓате како личност, ќе се однесуваат како да не постоите.

Во продолжение прочитајте ги 20-те најважни принципи по кои се водат Близнаците низ животот:

Кога треба да се занимаваат со глупави луѓе, тие го користат својот сарказам како оружје.

Секако дека зборуваат самите со себе. Понекогаш им е потребно експертско мислење.

Нивниот мозок е пренапреден за луѓе со ограничен поглед на светот.

Не можат да седат и да не прават ништо. Не сакаат досадни разговори. Мразат веб страници на кои им е потребна вечност да се отворат. Мразат да чекаат.

Сакаат да го живеат животот по свои правила и не сакаат луѓето да им судат.

Мразат кога луѓето премногу лично си ги сфаќаат работите.

Тие се многу чувствителни иако другите не можат да го забележат тоа.

Сакаат друштво, но понекогаш неопходна им е самотијата.

Кога ќе се уморат од нешто (т.е некого), заминуваат без расправии, без објаснувања, а понекогаш и без да се поздрават.

Очекуваат партнерот со нив да прави работи кои не ги сака, кои можеби ги смета за чудни или безобразни.

Сакаат да флертуваат, но кога навистина ќе се заљубат, сосема ја губат главата и за нив не постои никој друг на светот.

Сакаат да бидат сакани и нема да кажат „Те сакам“ доколку не го чувствуваат тоа.

Не прашуваат по 100 пати и никого не молат.

Кога ќе се посветат на нешто, ништо не може да им застане на патот.

Нивниот најголем внатрешен конфликт е тоа што имаат многу самодоверба, но и многу несигурности. Сакаат да бидат со луѓе, но не и целосно да се покажат себеси во вистинско светло.

Знаат како да слушаат, разбираат, простуваат и заборават...

Тие се многу лојални.

Знаат со часови да лежат во кревет и да имаат секакви креативни идеи.

Ако некој ги измами, тие едноставно ги оставаат тие луѓе без многу драма.

Без оглед на тоа колку е лоша ситуацијата, тие секогаш успеваат да пронајдат некаква светла точка.