20 совети за мојата ќерка

Мојата ќерка е целиот мој живот. Таа е среќата со која се будам наутро и насмевката која ми помага да заспијам по долгиот ден. Сакам да ја научам да биде добра личност, да биде среќна.

Ова се моите совети за неа.

  1. Никогаш не прифаќај го она што не е доволно добро за тебе.
  2. Во ред е понекогаш да се чувствуваш изгубено. Но, имајќи ги добрите пријатели до себе ќе ти помогне повторно да се вратиш на вистинскиот пат, да веруваш во иднината.
  3. Не се расправај со будали. Луѓето од далеку нема да знаат кој е кој.
  4. Верувај во себе малку повеќе, секогаш.
  5. Некои денови ќе се чувствуваш среќно, а други мизерно. Понекогаш тоа ќе биде поради раскинување, поради кавга со пријател, поради работа, но секогаш најди причина за да ставиш насмевка на своето лице. Така се нештата полесни.
  6. Некои од најдобрите приказни немаат јасен почеток, средина и крај.
  7. Врските и пријателствата бараат напорна работа. Тие не стануваат добри преку ноќ.
  8. Понекогаш ќе мислиш дека го сакаш недостапното, мистериозно момче. Но, во реалноста тој е незрела личност која само сака да ги комплицира нештата и да привлекува драма.
  9. Грешките се голем дел од созревањето.
  10. Најдобрата љубовна приказна ќе се случи со дечкото кој ќе те стави на пиедестал и ќе те сака највеќе на целиот свет.
  11. Никогаш не ги мешај убавите пораки на социјалните мрежи со романтика.
  12. Биди бестрашна, биди храбра.
  13. Најдобриот начин за да живееш живот во кој ќе уживаш е да се натераш себеси да преземеш ризик да бидеш среќна.
  14. Не се натпреварувај со други девојки, охрабри ги.
  15. Дај комплимент секогаш кога можеш.
  16. Многу луѓе нема да сакаат да зборуваат за проблемите, ниту пак да најдат компромис. Не ти требаат такви луѓе во животот. Тоа не е твој проблем.
  17. Зборувај за твоите потреби и граници. Изрази ги јасно.
  18. Научи кога да кажеш „не“ без да чувствуваш грижа на совест.
  19. Не изигрувај жртва, секогаш имај контрола како реагираш на ситуациите.
  20. Избере ги битките кои вредат да изгубиш време на нив.