17 годишна Македонка загина во тешка сообраќајка во Австралија

17 годишната Тамара Јорданоски по потекло од Прилеп заедно со нејзиното момче Џовани Санторо загинаа во тешка сообраќајна несреќа во блзина на Порт Ботани во Сиднеј.

Девојката била пренесена во болница, но лекарите не можеле ништо да направат за да ја спасат.

Момчето на Тамара управувало со возило БМВ при што удрил во бандера, потоа возилото се превртило и запалило. Полицијата ги истражува точните причини за настанатата несреќа, а очевидци тврделе дека возилото се движело со брзина над 100 км/ч.

Семејството Јорданоски од Прилеп пред 3 години се преселило во Австралија барајќи подобар живот.