15 апсолутни вистини за љубовта, неуспехот и надворешниот изглед кои младите треба да ги разберат!

Една од главните цели на младоста е да се пронајдеме самите себе. И многу често таа потрага е тешка, болна и мачна. Но, резулатите покажуваат дека оваа борба вреди. Често младите не сакаат да ги слушат постарите, верувајќи дека тие самите знаат се и дека можат се да направат. Оскар Вајлд има кажано: „Не сум доволно млад за да знам се.“

Но, понекогаш има вистини кои се универзални и кои важат за сите генерации и за сите млади луѓе. Овој текст е токму за тие вистини.

Некои апсолутни вистини кои младите луѓе треба да ги разберат:

  1. Не сум несреќен затоа што си среќен, туку затоа што сум несреќен сам.
    2. Понекогаш луѓето за кои сте биле сигурни дека засекогаш ќе бидат со вас, ќе си отидат. И тоа е сосема во ред.
    3. Никој не може да направи да се чувствувате лошо во врска со себе освен ако не им дозволите. Немојте.
    4. Работете на тоа да бидете среќни со тоа што сте сами. Навистина не е толку лошо.
    5. Немојте да го мразите телото коешто ви е дадено! Тоа е ваше тело и таму ќе го поминете остатокот од вашиот живот.
    6. Не им должите никакви жртви на другите луѓе. Се што одлучувате да жртвувате е ваш и само ваш избор.
    7. Никогаш не бидете потполно убедени во вашето мислење. Слушајте ги другите, но немојте целосно да ги менувате вашите мислења.
    8. Се е привремено. Тагата, среќата, малерите, добрите моменти, убавината, грдотијата, богатството, сиромаштијата, слабото тело, крупното дело, високата самодоверба, ниската самодоверба, вашата добра фризура, вашите соништа, вашиот живот. Само смртта е конечна и единствената работа што е сигурна дека ќе се случи. Запаметете го тоа.
    9. Вашиот живот може да се промени секогаш кога ќе посакате да се случи тоа. Се останато што си кажувате сами на себе е само изговор. Најдете нешто за коешто нема да барате изговори. Тоа е вашата страст.
    10. Во времињата кога изгледа дека никогаш не го добивате тоа што го сакате и дека на сите други им оди подобро, потпрете се на самите себе.
    11. Вашето мислење за некој што го сакате или почитувате може да се смени за секунда. Може за секунда да се претвори од почит во рамнодушност. Но, тоа е добро. Научете да продолжувате понатаму без да се вртите назад. Страшно е, но ако не се ослободите од јажината кои ве држат врзани за место на кое не сте сигурни дека сакате да бидете, тоа ќе биде опасно и отровно за вас.
    12. Тагата ќе ве направи понежни. Секогаш. Не се плашете да ја чувствувате тагата. Ќе ви го стопи егото. Тагата понекогаш може да биде најдобото нешто што ќе ви се случи. Но, не и дозволувајте да ве потопи.
    13. Не ја трошете залудно вашата сила и не ги трошете залудно вашите чувства на луѓе кои не вредат.
    14. Кога ќе отидете некаде, впиете се со вашите очи. Не го гледајте местото низ леќите на камерата. Не ги чувајте вашите спомени на мемориска картичка.
    15. Љубезноста е најдобриот подарок кој можете да го подарите, особено на странец. Љубезноста е се во животот. Но, љубезноста не значи дека треба да им дозволите на луѓето да ве газат. Научете ја разликата. Може да бидете љубезни и без да молчите и да бидете срамежливи.