13 мудрости за тешки денови: Животот е прекраток за да се будиш тажен!

Никој од нас не може секогаш да биде мотивиран. Сите паѓаме со енергијата, сите се разочаруваме. Сите се уморуваме. Но, во такви моменти убаво е човек да прочита некаква убава мисла, па затоа денес со вас ги споделуваме овие мисли со надеж дека ќе ве расположат и инспирираат.

- За некои луѓе ти си целиот свет.
- Твојата насмевка може да внесе среќа дури и во животот на оние на кои не им се допаѓаш.
- Секоја ноќ некој мисли на тебе пред да заспие.
- Најчеста причина поради која некој не те поднесува е фактот дека сака да биде како тебе.
- На светот постојат минимум 2 личности кои би го дале животот за тебе.
- Постојат најмалку 13 луѓе кои те сакаат на свој начин.
- Животот е прекраток за да се будиш тажен.
- Сакај ги луѓето кои добро се однесуваат со тебе, заборави на оние кои не се однесуваат добро и верувај дека се случува со причина.
- Дури и кога ќе ја направиш најголемата грешка во животот, со тоа секогаш ќе дојде и нешто убаво. Сѐ што се случува во твојот живот е за некое повисоко добро. Верувај во тоа.
- Кога мислиш дека животот ти го свртел грбот, погледни во животот од друг агол.
- Секогаш имај на ум: Кога животот ти дава шанса – земи ја! Ако оваа шанса ќе го промени целиот твој живот – дозволи ѝ да ти се случи!
- Никој не рече дека ќе биде лесно. Само ни ветија дека ќе вреди.
- Кога сте уморни, движете се бавно. Движете се мирно, без брзање. Само не запирајте.