12 декември носи силна енергија – откријте како ќе се одрази на вашиот знак

Оваа полна месечина во Близнаци носи многу информации од сите страни, па послушајте се себеси. Многу личности ќе споделат важни животни приказни и совети со своите пријатели, а други пак ќе се смеат и забавуваат.

Откријте што носи таа за вашиот знак.

Овен

Вам, оваа полна месечина ви се случува во третото поле на комуникација, кратки патувања, договори и соседи. Бидете внимателни што зборувате бидејќи по природа сте брзоплети, а оваа месечина во Близнаци е нервозна и нетрпелива. Ве очекуваат интересни договори во следните денови.

Бик

Кај вас, оваа полна месечина се случува во полето на финансии и материјални добра. Можни се вести за финансиска добивка и тешки соговорници доколку се занимавате со продажба или купување. Ќе дојде до договор, но не попуштајте од својот став.

Близнаци

Кај вас, оваа месечина доаѓа во полето на јавните настапи или планирања. Можни се дилеми околу некои односи. Сепак, не наседнувајте на некои приказни. Одредени Близнаци може да се соочат со проблеми со законот, казни и гужви. Нервозата е неизбежна.

Рак

Кај вас, оваа месечина доаѓа во дванаесетото поле на психологијата и тајните. Можни се одредени сплетки и препирања на работа. Може да дојде до излив на емоции кои ќе ве преплават, она што долго сте го потиснувале подолг период. Одмарајте и обрнете внимание на своето здравје.

Лав

Вам оваа месечина ви се случува во единаесетото поле на куќата  и пријателите. Ве очекуваат интересни успеси, а ако некој ви помогнал да успеете – наградете ја таа личност. Одредени Лавови ќе почнат љубовна врска.

Девица

Оваа месечина кај вас се случува во десетото поле на кариера и еден од родителите. Присутни се хаос и нервоза на работа, а после вложениот труд следува награда. Одредени Девици ќе имаат успех со купување автомобил и недвижности.

Вага

За Вагите, полната месечина се случува во деветото поле на патувања, филозофии, мудрости и учење. Важно е да ги изнесете своите мислења и да не ги држите во себе. Поединечни Ваги можат да доживеат и одредени непријатни изненадувања. Отворено е некое патување, не го избегнувајте.

Шкорпија

За вас, полната месечина се случува во осмата куќа врзана за трансформацијата, наследството и парите. Можно е да добиете некои финансии или да ви се зголеми платата. Одредени личности можат да добијат позитивен одговор за вработување. Можни се и некои авантури.

Стрелец

За вас, полната месечина надоаѓа во седмата куќа на партнерските односи и тука можете да очекувате многу активности. Можни се некои судски или законски процедури, а натегања и недоразбирања со партнерот. Обрнете внимание на законските права.

Јарец

Оваа месечина кај Јарците доаѓа во полето на секојдневниот живот, работата и здравјето. Многу Јарци ќе дознаат нешто што се таело долго од нив.

Водолија

За Водолиите, полната месечина се случува во полето на љубовта, децата, забавата и спортот. Многу можности доаѓаат преку љубовта и пријателите, додека некои нови планови и желби можат да се остварат овие денови. Можни се нови познанства, внимавајте само некој да не ве излаже за нешто.

Риби

Вам оваа месечина ви се случува во четвртата куќа на еден од родителите, куќата и семејството. Внимавајте на неверства и лаги, особено во продажбата и купувањето. Многу Риби можат да добијат одредени пораки преку соништата.