11 сосема погрешни предрасуди за девојката која секогаш е сама...

Кога некој ќе ве праша зошто не сте во врска, сите имаат однапред смислен одговор, уште пред да им одговорите. Тие ве гледаат онака подзамижано, мислејќи дека знаат зошто сте сами. Тие предрасуди навистина одат на нерви! Еве само дел од нив:

Сигурно цело време си многу осамена

Сериозно? Дајте еднаш засекогаш да се најде јунак да ја реши оваа мистерија.

Сигурно никогаш немаш секс

Луѓето мислат дека ако девојката е сама дека одеднаш повторно е невина, седи дома и плете џемпери и нема никаков контакт со машко лице.

Сигурно цело време имаш секс

Ова е сосема спротивната насока која исто така е и смешна и глупава. Луѓето мислат дека немаш дечко само за да можеш да имаш секс со кого сакаш и кога сакаш. Смешки!

Премногу си пребирлива

Да, извини што имам стандарди и тоа во твојот речник значи дека ќе умрам сама со 900 мачки и шише виски.

Гарант нешто ти фали (читај: луда си!)

Тоа е првото логично нешто, нели? Не, ја немам запалено куќата на бившиот, ниту пак ја имам бркано неговата сегашна девојка со палка низ парк. Аман!

Ах, кучка си!

Прекинете да мислите дека секоја девојка е сама затоа што е сноб со тежок карактер. Не се сите девојки исти и секоја си има своја причина за тоа зошто е сама!

А што, мислиш дека нешто си подобра од сите?

Хм... НЕ?!!! Дали сум имала лошо искуство во минатото? Да. Но, тоа не значи дека мислам дека сум подобра од сите други.

Ама ти сигурно мразиш мажи!

Хе-хе, ете како погоди еј, од прва! Оладете малку, не ги мразиме сите мажи и не мислиме дека сите се исти поради неколку кретени!

Ти си романтична душа која сама си јаде сладолед

Оф мори мајко. Да, ние самите девојки секој ден седиме со сладолед гледајќи романтични филмови и плачеме над нашата судбина. Сериозни сте?

Сигурно имаш тежок емоционален товар

А да си ја бркаше својата работа и живот, м?

Вистинскиот е некаде таму и ти само го бараш него

А да престанете да ни кажувате што сакаме, што бараме и како бараме? Секоја девојка е различна и бара различни работи.

Оставете ги луѓето на мир!!!