11 пешаци казнети за непрописно поминување улица

Во текот на 18.02.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени двајца возачи, затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и едно возило бидејќи било нерегистрирано.

Санкционирани се и двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло. Во однос на пешаците, санкционирани се 11 пешаци. Во текот на изминатиот ден 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.