10 будистички правила за живеење: Жалењето не ви носи ништо добро, ниту вам ниту пак на оние околу вас

Сте слушнале некогаш за Мијамото Мушаши? Ако не сте го слушнале ова име досега, Мушаши и познат мечувалец и будист, познат по неговата книга „Книгата за петте прстени“, каде ја пренесува филозофијата која тој ја има за животот, но и како да живееме подобро и поисполнето.

Големо влијание на неговите принципи има будистичката филозофија, од која тој ја има усовршено дисциплината за ослободување од нештата кои не ни носат среќа во животот.

Во својата позната книга, Мушаши ги пренесува своите правила за животот, кои можат да им бидат корисни на сите оние кои сакаат да внесат промена во своето живеење, но и да живеаат посреќен живот, со цел.

1. Прифатете ги сите нешта онакви какви што се.

2. Не барајте задоволство, само поради тоа што го сакате тоа во моментот.

3. Немојте да зависите од делумните чувства, внесувајте се целосно во сѐ што правите.

4. Размислувајте лесно за себе, а длабоко за светот.

5. Немојте да се каете за тоа што сте го направиле.

6. Немојте да бидете љубоморни.

7. Жалењето не ви носи ништо добро, ниту вам ниту пак на оние околу вас.

8. Не дозволувајте да бидете водени од чувството на страст и љубов.

9. Не ги задржувајте работите кои веќе не ви се потребни.

10. Не го засновајте својот живот на тоа да поседувате важни материјални нешта.

new nike air max 2019