08.08.2016 - ден полн со тага и надеж за подобро утре

06.08.2016 ќе остане запаметен како црн ден во нашата историја, кога од природна катастрофа животот го загубија најмалку 21 лице.

Денешниот ден е прогласен за Ден на жалост за трагично загинатите, денес цела Македонија е обвиена во црнина и тагува за секој живот кој го однесе надојдената вода. Сочуството и помошта не изостануваат ниту за граѓаните кои доживеаа материјална штета, каде надојдената вода остави поплавени домови, изрушени дворови, опустошена покуќнина и ниви претворени во езера. Донациите во ниеден момент не застануваат, се врти на броевите за донација, се носи храна и вода до пунктовите, а голем број на граѓани се приклучуваат и во расчистувањето на критичните подрачја.

Датумот секогаш ќе го паметиме по лошо, по стравични снимки, солзи за изгубените животи, солзи да изгубените домови, но ваквите трагедии треба да не сплотат, да не дозволиме никогаш повеќе ова да се случи, да ја чуваме природата која знае многу лошо да возврати ако не е соодветно третирана од граѓаните, а на локалните и градските власти ќе им оставиме да ги средат патиштата и канализационите мрежи. 

Денес е ден полн со тага, болка и надеж за подобро утре. Верба дека сонцето повторно ќе го огрее Скопје и од калта ќе претвори во основа за многу радост и среќа.

Целата екипа на skopjeinfo.mk им изразува сочувство на сите кои загубија некој близок во поплавите